Не се знае точно на чија кујна припаѓа овој сос. Некаде пишува дека е тоа француски специјалитет, некаде дека е шпански или италијански. Чиј и да е, се користи на целиот Медитеран, па може слободно да се каже дека е медитерански специјалитет. Но и кај нас се прави многу сличен сос. Тоа е она охридско макало кое е бело и веројатно се подготвува со белка од јајце.

Самото име, ајоли (на француски аïoli), говори за него. Аïoli или all-i-oli значи лук и маслиново масло. Според првата варијанта, овој сос се состоел само од маслиново масло, лук и сол. Меѓутоа, денес се среќаваат голем број варијанти на овој сос, но секаде основата е токму лукот, маслото, сок од лимон и солта. Во голем број рецепти додаваат и жолчка или белка, а може да се додаде сенф, дури некаде прочитав се додава леб натопен во млеко. Како и да е, прекрасен сос, што е многу важно лесно се прави, а се служи со риба, морски плодови, месо, но одличен е и намачкан на потпечено парче леб. Она што е многу важно, не само што е вкусен туку е и многу полезен, богат е со витамини од жолчката и маслото, а за лукот и да не говориме. Еве го рецептот.

Ајоли - намаз од лук

By Мама Лиле Published: October 21, 2015

  • Prep: 15 mins

Не се знае точно на чија кујна припаѓа овој сос. Некаде пишува дека е тоа …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Се прави многу едноставно. Лукот ситно се сечка се става во блендер, се додава солта и жолчката и се се блендира.
  2. 2.Потоа се почнува со додавање на маслото. На почетокот се додава капка по капка и откако сосот малку ќе згуснат, се продолжува со додавање и блендирање но веќе во тенок млаз. Кога се додава маслото се додава и сокот од лимон и сенфот.
  3. 3.Смесата се блендира додека потполно згусне и многу наликува на мајонез. Овој сос е многу погуст одошто мајонезот.