Љубителите на ладно фрапе сега имаат причина повеќе да уживаат во летото. Патувачкиот “ајс бар караван” на Nestle тргна во својот освежувачки поход. На површина од 30 м2, во специјално дизајниран и разладен камион, сега сите имаат неповторлива можност да уживаат во идеалниот леден вкус на Nescafé Frappé, подготвено од професионалните Nescafé Frappé бармени.

На 21-ви и 22-ри јули ајс бар караванот во Скопје ве очекува во Градскиот парк, додека на 23-ти и 24-ти во населбата Аеродром, повторно од 18 до 23 часот.

Во среда, 25.07 ледениот караван на Nescafé Frappe се сели во Куманово, од каде продолжува во Струмица (26.07), Битола (27.07) и за време на викендот (28 – 29.07) се задржува во Охрид.
Исто така, за сите посетители на првиот „Ајс кафе бар“ ќе биде овозможена и интернет конекција и можност да ги споделат своите „ајс“ моменти во виртуелниот свет.

Официјален фејсбук профил facebook.com/NESCAFEClassic