Просто и едноставно – обожавам маслинки! Уште повеќе ги обожавам кога се полнети, ама што да ви кажам, никако да се натерам себеси да седнам и да го правам тоа. Порано си ја малтретирав баба ми, бидјеќи кутрата, ништо не можеше да ми одбие. Да и речев сакам полнети кикирики, веројатно ќе најдеше начин да ги наполни за мене.

Арно ама, баба ми веќе не ја служат очите како порано, и почна се почесто да ме одбива. И како јас сега да живеам без полнети маслинки? Ве молам, објаснете ми го тоа. Се шегувам, ич да не се мачите да објаснувате, си најдов полнач за маслинки! Да, да, и многу е лесен за употреба. Се што треба човек да направи е да го стави филот во тоа малото делче што штрчи од страна, да ја стави маслинката меѓу штипките и да притисне. ФФФФантастично!

Туку, ова ме интересираше, како вие ги полните маслинките?

Ако немате друга алтернатива, ова чудо можете да си го набавите (за околу 12 долари) овде!