Уште едно слатко задоволство за оние кои не можат без десерт. Алва направена од гриз која се топи во уста. Мјамиииии!
Алва од гриз
By October 8, 2015
Published:Уште едно слатко задоволство за оние кои не можат без десерт. Алва …
Ingredients
- 200 мл масло за готвење (мерилка од 100 мл)
- 250 г гриз
- 150 г шеќер
- 500 мл вода
- 50-100 г сечкани ореви (по желба)
Instructions
1.Во тава, на оган, запржете ги гризот и сечканите ореви се додека не се осети мирис на пржено (треба малку да потемни гризот).
2.Во тавата додадете го маслото, кратко време пропржете го па додадете го шеќерот и повторно малку запржете. Пржењето на алвата треба да се одвива на слаб оган.
3.Накрај одеднаш додадете ја целата вода и постојано мешајте се додека смесата не се згусне.
4.Модлата се премачкуваат со тенок слој масло за готвење, се полни со смесата од гриз (алва) и се остава да се олади. По желба, одозгора наросете мелени ореви и цимет.
- Cuisine: Десерт
- Course: Пржење
- Skill Level: Едноставна