Домашната алва на мама Лиле која е направена од гриз, секогаш, ама буквално секогаш не става во искушение да посегенеме по уште едно парче… Е што да се прави кога е просто неодолива….
Алва од гриз
By July 19, 2013
Published:- Prep: 5 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 20 mins
Домашната алва на мама Лиле која е направена од гриз, секогаш, ама …
Ingredients
- 1 филџан за кафе масло за готвење (или 60 г путер)
- 2 филџани гриз
- 3 филџани шеќер
- 4 филџани вода
- малку сечкани ореви (по желба)
Instructions
- 1.Гризот и оревите се стават во сад и на оган се пропржуваат се додака не се осети мирис на пржено (треба малку да порумени).
- 2.Во садот се додава маслото (или путерот), кратко време се пропржува, па се додава шеќерот. Смесата повторно кратко време се пропржува се додека шеќерот не почне да се карамелизира.
- 3.Пржењето треба да се одвива на слаб оган и со константно мешање за да не загори). На крај се додава целата вода (одеднаш) и се меше се додека смесата се згусне.
- 4.Модлите се премачкуваат со тенок слој масло за готвење, се полнат со смесата и се оставаат да се оладат. По желба, се наросува со сечкани ореви. Добар апетит!
- Cuisine: Десерт
- Course: Пржење
- Skill Level: Едноставна