Алва во комбинација со лешници и крем нутела. Тоа е прав погодок, вели Наташа. Ако не и верувате ќе мора самите да ја направите. Таа често ја приготвуваа оваа вкусна торта со алва за свечени прилики и одлично оди со шолја кафенце.
Алва торта
By October 24, 2013
Published:Алва во комбинација со лешници и крем нутела. Тоа е прав погодок, вели …
Ingredients
- 300 г шлаг пена
- 6.5 дл кисела вода
- 100 г алва
- 100 г лешници (мелени)
- 100 г нутела (или друг чоколаден крем)
- 16-20 лажици бисквити (мелени)
- 2 дл млеко
- 100 г бисквити
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 50 г чоколадо за готвење
- 20 г маргарин
Instructions
- 1.200 грама шлаг изматете со 4,5 дл кисела вода и смесата поделете ја на три еднакви делови.
- 2.Во првиот дел ставете мелени лешници, во вториот дел ставете алва, а во третиот дел ставете крем-нутела.
- 3.Мелените бисквити поделете ги во смесата со алва и смесата со крем-нутела. Тоа го правиме за да смесата не биде премногу тврда туку кремаста, но важно е да не се разлева.
- 4.Бисквити потопете ги во млеко и наредете ги во мал плех. Врз бисквитите ставете крем со лешници, потоа ставете крем со алва и на крај ставете крем со крем-нутела.
- 5.Преостанат шлаг изматете го со ванилин шеќер и преостаната кисела вода, а чоколадата растопете ја со маргарин.
- 6.На кремот одозгора ставете шлаг и украсете со растопена чоколада. Оставете ја тортата на ладно да се олади, а потоа уживајте во овој десерт.
- Cuisine: Десерт
- Course: Без термичка обработка
- Skill Level: Едноставна