Амарантот (Amaranthus paniculatus) претставува цвеќе кое во нашите простори и пошироко е познато како стратор и има многу декоративни цветови. Инаку, ботаничкото име потекнува од грчкото име Αμάρανθος (амарантос) и има значење на „цвет што не венее“.

Приказната за амарантот е интересна и трагични. Тој бил симбол на бесмртноста. Пред освојувањето на Америка од страна на Европејците, индијанците го нарекувале “златно семе на Бога”, “пченица на Астеките” или “лебот на Инките”. Тој бил основа на нивната исхрана заедно со пченката и гравот и како житарици и како зеленчук. Меѓутоа, некои свети Индиски ритуали се одвивале со фигури на луѓе направени од амарант брашно, мед и човечка крв од жртвувани луѓе. Ваквите непријатни ритуали била причина шпанските освојувачи, поддржани од страна на Католичката Црква да стават забрана за одгледување на “мистичното Астечко жито”. Оваа забрана траела неколку векови. Повторното раѓање на овој вреден производ се случува во дваесеттите години на XX век, кога се почнати сериозни изучувања сврзани со него.

Според негови хранливи и лековити својства далеку е над било која друга храна и сосема заслужено се возвишува. Тој содржат околу 16% протеини, 6,5% масти, 55-62% скроб, пектин, микро и макроелементи. Амарантот, поточно неговото семе содржи двојно повеќе протеини во споредба со пченицата, а тие се неверојатно избалансирани, а мастите што се присутни во него се главно незаситени масни киселини, токму тоа што му треба на човечкиот организам. Сето ова ја зголемува неговата нутрициона вредност.

Семе од амарант

Семе од амарант

Подеднакво може да се користат и листовите и семето. Одсемето се добива аматантно брашно кое може да се искористи секаде каде што се применува брашното. Семето на амарантот може да се `рти и да се добијат негови `ркулци и како такви да се консумираат. Исто така може и да се добие амарантно масло, многу хранлив продукт. Младите листови на амарантот се многу слични на спанаќот и може слободно се употребуваат свежи или варени, а може и да се исушат и да се консумираат во зимските денови. Според тоа, амарантот претставува ценет прехранбен продукт, а неговото масло и никулци поседуваат невероватно лековити својства.

 Брашното и житото од семето на амарантот се користи како додаток при приготвување на леб, тестенини, слатки, храна за бебиња. Кога ќе се додадете во брашно (10%), печениот леб добива лековити својства и не бајати. Во современиот напреден свет, веќе се произведуваат повеќе од триесет видови прехранбени производи која содржи амарант, т.н. амарантни продукти. Така на пример се додава во тестенини, макарони, сосови, чипс, бисквити, мафини, вафли, колачи, безалкохолни пијалаци и пиво. Всушност, ова е само почетокот на една палета производи од, како што ја нарекуваат, „храна на човештвото“. Во медицината, амарант може да биде од интерес како извор на биолошки активни супстанции. Нема сомнеж дека амарантот мора да биде вклучен во нашата секојдневна исхрана..