Не важи за пребирлива личност кога е храната е во прашање. Јаде многу работи, а листата на оние работи кои никогаш не ги пробала е многу куса. Не сака готвени јадења кои содржат изнутрици. Како што вели Анкица нејзините родители се главните виновници што не пребира храна, бидејќи како мала не била разгалена да не јаде храна што не и се допаѓа.

Токму затоа денес за себе вели дека е голем гурман. „Сакам убаво зготвена храна, јас уживам во јадењето и јадам полека. Внимавам што јадам. Не сум од тие што бројат калории, но и не сакам да претерувам. Внимавам да направам здрава комбинација секое јадење го конзумрам со обилна свежа салата.„

Нејзин најголем гастрономски порок на кој никако не може да одолее е добро испечена риба со гарнир од пекарски компир со моркови и магданос.„Тоа е нешто што и секој ден да го јадам нема да ми здосади. Исто тако многу сакам и тава со зеленчук и мешункасти плодови заедно.„

Анкица од супермаркет не заминува без кеса полна млечни производи. „Со сопругот пазариме еднаш месечно и задолжително купуваме многу млечни производи- сирење, кашкавал, јогурти и зденки, овие продукти мора задолжително да ги има во фрижидер. Се разбира купуваме и многу овошје, зеленчук и тестенини.„

Покрај подготовка на тортелини и њоки, ни се пофали дека е експерт и за приготвување салати. „Експерт сум за салатата која сама си ја измислив и си додавам секогаш по нешто а секогаш е вкусна. Да се пофалам секој што ја пробал ми бара рецепт. Еве ќе ви откријам. Се варат макарончиња било какви, во посебен сад се става марула сечкана со свежи краставички прелиени со зејтин и балсамико оцет. Потоа во садот се ставаат свварените макарони (оладени) се додаваат 2 конзерви туна сечкана, конзерва црн грав, пченка и се сечкаат свежи домати. Се посолува салатата и се зачинува со биберче и сув магданос и ја имате највкусната салата . Покрај оваа салата можам да се пофалам дека правам и убава проја.„

Овој рецепт е доказ дека Анкица го руши оној наметнат стереотип дека младите жени не се нешто особено вешти во кујна и многу повеќе сакаат да се хранат во ресторани отколку да се потрудат да зготват нешто по дома. „Па јас комбинирам и едно и друго. Знам да застанам кај Супер Тинекс уз пат ми е накај дома имаат готвени јадења и да купам, но и не ми е проблем да пробам да направам нешто во кујна, со оглед на тоа дека претходно јадев она што имав по дома направено од мама, а сега ми е предизвик да зготвам јас нешто и се чувствувам убаво кога ќе бидам пофалена. Сакам да зготвам нешто по дома и најчесто кога не се тестенини тогаш се консултирам со мајка ми, свекрвата или Вики мојата другарка, секогаш им верувам на нивните упатства.„

Од земјите или местата кои ќе ги памети по изворедната храна која ја пробала мора да го издвои Египет. „Кога се вративме оттаму со Иван бевме поправени по 5 килограми. Во хотелот во кој бевме сместени имаше готвачи од целиот свет, во огромниот ресторан човек можеше само да се загуби во излобилието на специјалитети кој од кој повкусен автентичен за одредена земја. Имаше огромен избор на вкусно јадење за појадок, ручек, вечера и ужини со кои не служеа на плажа. Доволно беше од љубопитност да пробаш од се по нешто и да се најадеш.„

Омилен пијалок…Омилен безалкохолен пијалок ми е цедениот портокал кој со сопругот задолжително го пиеме секое утро пред да одиме на работа, како и смуди со свежа тиква, банана, вода и цимет. Од газираните пијалоци сакам Шпепс, а од алкохолните пијалоци пијам суво црвено или розово вино .
Oмилена салата… Цезар салатата ми е омилена. Всушност сите салати подеднакво ги сакам
Омилен десерт… Панакота со чоколаден сос и јагоди
Омилен ресторан… Ресторанот Балканика ми е омилен. Амбиентот, луѓето, услугата се е како што треба.

Омилено дневно мени
Доручек……..Цеден сок од портокал или смуди, како и јадкасти плодови, лешници, бадеми и индиски ореви.(ова е задолжителен појадок)
Ручек….За ручек најчесто салата со пилешко или некое готвено јадење.
Вечера…..салата или проја