Вања ни испрати уште еден интересен рецепт со уште поинтересна историја. Имено ANZAC (Australian and New Zealand Army Corps) се кекси кои ги измислиле сопругите на војниците од овие трупи во Првата светска војна поради потребата да им испратат хранлив десерт кој долго не се расипува.

АНЗАК кекси

By Валентина Крстевска Published: August 18, 2013

    Вања ни испрати уште еден интересен рецепт со уште поинтересна историја. …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.На средна температура се стопува путерот заедно со шеќерот и врелата вода, малку се промешува и се тргнува од ринглата за малку да се подолади додека ги мешаме сувите состојки.
    2. 2.Во длабок сад се мешаат сите суви состојки. Се додава смесата со путерот, убаво се спојува смесата и од неа со намокрени дланки се обликуваат топчиња со големина на орев кои се редат на плех со хартија за печење, оддалечени едно од друго по околу 3-4 см.
    3. 3.Се печат во рерна загреана на 170 степени не повеќе од 15 минути.
    4. 4.НАПОМЕНА - бидете многу внимателни за време на печењето бидејќи поради путерот многу лесно може да изгорат.