Ако наскоро планирате да патувате во Хрватска, a сте големи мераклии на добра храна и вкусни делиции, тогаш оваа апликација мора да ја имате на вашиот iPhone. “Добри ресторани” на едно мести ги има речиси сите информации кои ви се потребни за да направите вистински избор во кој ресторан да јадете независно во кој дел на Хрватска да се наоѓате. На неа ќе најдете цени, типови на храна, вина, огромна база на фотографии, опции за плаќање, па дури инфо дали во ресторанот можете да влезете со куќен љубимец.

На пример, ако сте на одмор во Далмација и немате идеја што да каснете, добри ресторани со помош на геолоцирање ќе ви ги понуди сите фини места кои се наоѓаат во ваша близина со сите детали кои ве интересираат. Апликацијата можете да ја симнете на iTunes, а чини 4.99 долари.

Изработката на оваа апликација е дел од националната стратегија за туристичко промовирање на Хрватска, искуство кое дефинитвно треба да го примениме и кај нас. Програмери, фаќајте се за работа!