Аранчините се секогаш добредојдени како добар аромат во колач, иако додека се спремаат скоро речиси малку останува за аромат…;) Мамат тие, бидејќи при готвењето количината драстично им се намалува, а потоа додека ги чекаме да се осушат најчесто мамат да се грицнат… А, ако сте вие љубител на слатка грицкалица, можете да ги полиете со глазура од стопено црно чоколадо, а не со шеќер. И нормално брзо ќе си снема…нели рековме дека се грицкалица.
Аранчини
By February 22, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 30 mins
- Ready In: 50 mins
Аранчините се секогаш добредојдени како добар аромат во колач, иако …
Ingredients
Instructions
- 1.Кората од излупените портокали со ножица исечете ја на тенки траки.
- 2.Во сад од 3 л. ставете вода и кога ќе проврие ставете ги корите да вријат неколку минути. Процедете и променете ја водата и ставете ги пак да провријат. Повторете ја постапката 3 до 4 пати.
- 3.Извадете ги корите, истискајте ги и измерете ги.
4.На 100 г кори ставете да се вари 100 мл. вода и 100 г. Шеќер. Направете густ сируп во кој ќе ги ставете корите на тивко да се варат околу 10 минути.
5.Сварени кори ставете ги на хартија за печење, посипете ги обилно со шеќер и оставете да се сушат.
6.Добро исушени чувајте ги во стаклена тегла.
- Cuisine: Десерт
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна