За ручек или за мезе, или само за разбивање на вообичаената монотонија, овие крокети се совршен додаток на вашата трпеза. Пробајте!
Аранчини – похувани крокети од ориз
By January 29, 2013
Published:- Prep: 35 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 50 mins
За ручек или за мезе, или само за разбивање на вообичаената монотонија, …
Ingredients
- 1 шолја ориз
- 4 шолји вода
- ½ главица кромид (исечкан)
- 1 коцка пилешка супа
- 200 г пченка
- малку сол, вегета, оригано, црн пипер
- 20-30 г путер
- 100-150 г кашкавал
- 2 јајца (за похување)
- малку презла (за похување)
Instructions
1.Во тава, на путер, запржете го ситно исечканиот кромид . Оризот измијте го и додадете го во тавата. Зачинете со сол, црн пипер, вегета и оригано.
2.Водата загрејте ја и во неа растопете ја коцката супа. Супата постепено додавајте ја во тавата со ориз притоа константно мешајќи и секогаш кога оризот ќе ја впие супата, повторно додадете од супата.
3.Кога водата ќе испари, додадете ја пченката (доколку е смрзната, претходно одмрзнете ја) и оризот оставете го добро да се олади.
4.Кашкавалот исечкајте го на покрупни коцки.
5.Од тестото формирајте топче, сплескајте го, во средината ставете парче кашкавал, формирајте топче, натопете го во изматено јајце и извалкајте го во презла.
6.Крокетите пржете ги во загреани масло за готвење се додека презлата не добие златно кафена боја. Аранчините оставете ги на кујнска хартија за да се исцеди маснотијата и сервирајте ги топли. Добар апетит!
- Cuisine: Предјадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна