Сочен, ароматичен, богат куглоф, совршен за секоја фамилијарна седенка, веселба или прослава. Рецепт на нашата пријателка Валентина која постојано не изненадува со одлични рецепти.
Aроматичен чоко-нугат куглоф
By April 8, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 1 hr 20 mins
- Ready In: 1 hr 35 mins
Сочен, ароматичен, богат куглоф, совршен за секоја фамилијарна седенка, …
Ingredients
- 125 г чоколадо
- 125 г потпечени несолени сецкани лешници
- 200 г путер
- 125 г бурбон ванила шеќер (ако немате не пречи да се стави и обичен ванилин шеќер + 1 лажица рум)
- 4 јајца
- 100 г брашно
- 125 г шеќер
- 100 г густин
- 1 пакетче прашок за пециво
- 80 г инстант прашак за чоколаден напиток од Витаминка
- 1 нугат премиум пудинг( (ако немате, не пречи да се употреби пудинг од чоколадо)
- 100 г карамел кекси од Витаминка ситно скршени или грубо смелени
- 200 г чоколадо за готвење (за глазура)
- 6 лажици млеко (за глазура)
- 6 лажици масло за готвење (за глазура)
- 6 лажици какао (за глазура)
Instructions
- 1.Путерот пенасто сматете го со миксер заедно со шеќерот и бурбон ванилата (или предложената замена).Додајте едно по едно јајце, а по секое додавање внимателно измешајте.Додајте ги постепено брашното,прашокот за печиво и густинот и с`е убаво соединете со миксер на средна брзина.
- 2.Чоколадото стопете го на пареа па заедно со прашокот за пудинг и прашокот за инстант чоко напиток додајте ги во смесата за тесто. Додајте ги лешниците и кексите и смесата убаво измешајте ја со шпатула.
- 3.Калапот за куглоф обилно премачкајте го со путер. Смесата за тесто префрлете ја во калапот.Куглофот се пече на 180 степени одозгора покриен со алуминиумска фолија од 60-80 минути зависно од рерната.Проверете дали е добро испечен со боцнување со чепкалка за заби:ако на чепкалката не остане тесто,тоа значи дека е добро испечен.
- 4.Превртете го калапот врз рамна чинија, одозгора замоткајте го со подебела намокрена крпа и оставете го така десетина минути.Потоа тргнете го калапот од куглофот и оставете го да се олади.
- 5.Чоколадната глазура се подготвува на пареа:сите состојки ставет ги во погоден метален сад кој треба да се држи над водата (во спротивно какаото се згрутчубва и глазурата нема убава текстура,вкус и изглед).Со оваа глазура прелијте го оладениот куглоф.
- 6.По желба украсете го куглофот со шари од бело чоколадо.
- Cuisine: Десерт
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна