„Ако сте љубител на нешто несекојдневно и необично, а толку вкусно и мирисно,тогаш топло ви го препорачувам овој намаз“ –  рецепт на нашата пријателка Валентина Крстевска

Ароматичен намаз

By Валентина Крстевска Published: January 31, 2013

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 10 mins
  • Ready In: 20 mins

„Ако сте љубител на нешто несекојдневно и необично, а толку вкусно и …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Распоредете ги кексите на тава и загрејте ги десетина минути во претходно загреана рерна на 150 степени.
  2. 2.Смелете ги во блендер и измешајте ги во сад заедно со искрешеното чоколадо.
  3. 3.Зовријте го млекото со медот и шеќерот, па со него прелијте ги кексите и чоколадото и мешајте се додека не добиете еднолична смеса (ако сеуште има грутчиња,измешајте кратко со блендер).
  4. 4.Додајте го и маслото, префрлете го намазот во погодна тегличка и оставете го да се олади на собна температура. Подоцна ставете го во фрижидер.
  5. 5.Кексите кај нас обично се продаваат некое време пред и по Новогодишните празници, во маркетот на КAM кој продава германски производи. Многу често и сама ги правам,а за тоа е пожелно да се има посебен калап (оној дрвениот во позадината на сликата).
  6. 6.НАПОМЕНА: По оригиналниот рецепт, намазот се прави со бело чоколадо, јас не сум негов љубител, па и покрај тоа што за подготовката употребив многу квалитетен и скап производ,сепак мирисот на млекото во прав ми пречеше,а и за мој вкус го направи кремот премногу благ.