Одличен предлог за вкусен оброк во моментите кога немате идеја што да зготвите. Многу, брзо и едноставно спремите ароматизирано пилешко кое ние го искомбиниравме со домашна тестетина и со малку запечени моркови како додаток.


За подготовка на овој рецепт го користевме силиконскиот сад Steam case with tray на производителот Lekue изработен од 100 % платинум силикон кој лесно се одржува, ги задржува сите вкусови на едно место, нема потреба од никакво намастување и нуди опција со него да приготвувате вкусни јадења и во микро печка. Побарајте го и купете го во продавницата на Карес.

Ароматизирани пилешки копани

By Гастронаут Published: March 19, 2014

    Одличен предлог за вкусен оброк во моментите кога немате идеја што да …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Морковите излупете ги и исечкајте ги на кругчиња.
    2. 2.Пилешките копанчиња измијте ги, исушете ги на кујнска хартија. Секое копанче зачинете го со сол, црн пипер и зачинска сол.
    3. 3.Потоа добро од сите страни намачкајте ги со сенф.
    4. 4.Наредете ги во силиконскиот сад за печње. Од околу наредете ги морковичиња, ставете две млади кромидчиња и гранче рузмарин. Одозгора налијте маслиново масло.
    5. 5.Силиконскиот сад ставете го во добро загреана рерна на 200 степени и печете околу 25 минути со затворен капак и уште десет минути со отворен.
    6. 6.Ние како додаток на овие ароматизирани пилешки копанчиња си подготвивме и домашна тестенина.