Незнам зошто така се вика оваа чорба, но знам дека е превкусна.. а знам и тоа  дека ако отидеш на гости во муслиманска куќа и бидеш послужен со оваа чорба, плус уште еден нивни специјалитет Тирит ме Гогља… тогаш со тоа домаќинките ти кажале дека си добредојден…

Атин чорба

By Лилјана Илиева Published: June 2, 2013

    Незнам зошто така се вика оваа чорба, но знам дека е превкусна.. а знам и …

    Ingredients

    Instructions

    1. Подготовка на кнедлите од месо1.Прелијте го фантот со малку вода- растворете го и додадете во месото во кое веке сте ги ставиле оризот, јајцето, сецканиот или ренданиот лук, магданосот и на вкус осолено со вегета и сол - измешајте да стане хомогена смесата од која ке правите кнедлички.
    2. Атин чорба - процес на подготовка2.Во поголемо тенџере ставете солта и вегетата, оставете да зоврие. Во зовриената вода додајте ги ренданите компири и моркови, ситно сецканиот лук или рендан, веднаш додадете ги и кнедлите. Намалете ја температурата на огнот и нека вари тивко околу 1-еден час. За кратко тргнете го тенџерето од огнот и додадете ги измешаните кисело и пресно млеко. Пробркајте и вратете на огнот нека вари уште 10 минути. Додадете го сега и мелениот црн пипер и свежиот магданос.
    3. Атин чорба- сервирана3.Тргнете од огнот. Во чинија сматете го јајцето на кое ке му додадете малку лимонова киселина, со црпалка земете од врелата чорба и додадете кај сматеното јајце, - разбркајте и веке можете да го додадете во тенџерето со чорбата. Измешајте.
    4. Атин чорба4.Забелешка: киселото млеко најчесто го заменувам со кисела павлака која ми дава посебен шмек на оваа чорба... останува на вас да вие сами одлучите. Пријатен ручек,