Уште еден одличен рецепт со бабури, во овој случај полнети со печурки и додаток сланина. Супер брз и вкусен оброк идеален за целото семејство. Добар апетит.

Полнети бабури со печурки

By Гастронаут Published: September 5, 2015

    Уште еден одличен рецепт со бабури, во овој случај полнети со печурки и …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Бабурите пресечете ги на половина. Исчистете ги семките и измијте ги.
    2. 2.Во поголем сад ставете вода да зоврие со малку сол. Ставете ги бабурите да се варат неколку минути. Потоа добро исцедете ги.
    3. 3.Исечкајте го кромидот, сланината и печурките. На масло прво запржете го кромидот, а потоа додадете ги печурките и сланината. Зачинете со црн пипер и сол.
    4. 4.Изматете ги јајцата и додадете од ситно исечканиот магданос. Оваа смеса ставете ја во мискот од кромид и печурки.
    5. 5.Загрејте ја рерната на 260 степени и подгответо го тавчето за печење (обложете го со хартија за печење.)
    6. 6.Наполнете ги бабурите, а одозгора ставете од павлаката за готвење измешана со ситно исчекана пиперка.
    7. 7.Покријте го тавчето со алуминиумска фолија и печете 25 минути.
    8. 8.Потоа извадете ја фолија и печете уште пет минути.
    9. 9.Откако бабурите ќе бидат готови, одозгора наросете малку магданос за декорација.