Чоколадирани топчиња со бадеми и шмек на рум. Супер мали колачиња кои се толку вкусни што секој ќе посака уште некое. Особено ако ги изненадите колегите или колешките на работа.
Бадем топчиња со рум
By November 6, 2013
Published:- Prep: 30 mins
- Cook: 10 mins
- Ready In: 40 mins
Чоколадирани топчиња со бадеми и шмек на рум. Супер мали колачиња кои се …
Ingredients
- 520-530 г бадеми
- 500 г шеќер во прав
- 80 - 120 мл вода
- 60 г суво грозје
- малку рум
- 100 г чоколадо за готвење
Instructions
1.Бадемите прелијте ги со топла вода, оставете ги неколку минути и излупете ги. Во микробранова печка или во рерна исушете ги, оставете ги да се оладат и во мелница измелете ги најситно што можете (треба да се добие прав од бадеми).
2.Мелените бадемите помешајте ги со шеќерот во прав па потоа додавајте од водата се додека не добиете густа смеса (како тесто) која може да се сука.
3.Во меѓувреме, сувото грозје потопете го во рум и оставете го така барем половина до еден час.
4.Врз мрсна хартија за готвење, исукајте го тестото со дебелина од еден сантиметар и со модла за колачи вадете кругови.
5.Врз секој круг ставете 3-4 парчиња суво грозје, одозгора ставете уште еден круг и со раце формирајте топче.
6.Чоколадото за готвење растопете го (или на пареа или во микробранова печка) и секое топче (барем еден дел) потопете го во чоколадото. Оставете чоколадото да се стврдне и сервирајте ги.
- Cuisine: Десерт
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна