Посен колач за бадниковата трпеза… Во него може да ја ставите и паричката… За бериќет, љубов, плодност, здравје, благосостојба и благоумие…. Ова е божиќната честитка која за вас ни ја испрати нашата читателка Ева, а на која и ние се придружуваме! Ти благодариме Ева!
Бадников колач
By January 7, 2013
Published:Посен колач за бадниковата трпеза... Во него може да ја ставите и …
Ingredients
- 1 ќесичка сув квасец
- 250 мл млака вода
- 3 супени лажици шеќер
- на врвот од мала лажичка сол
- 500 г брашно
- 150 г суво грозје
- 5 супени лажици кокос
- 200 мл масло за готвење
- 3+1 ќесички ванилин шеќер
- 100 г шеќер во прав
Instructions
- 1.Квасецот се полива со 250 мл.вода, се додаваат 3л.шеќер, малку сол и 2 лажици брашно. Се остава квасецот да стаса..штом ќе почне да стасува се додава сувото грозје и се остава уште 10 минути.
- 2.Потоа се додава брашното , зејтинот, кокосот, 3 ќесички со ванилиниот шеќер, се замесува тесто и се остава да кисне 20-30 минути. Се прави топка од тестото,која се обликува како погача во садот во кој ќе се пече, и се премачкува со зејтин.
3.Се пече во загреана рерна на 220. Откако ќе се испече, додека е топло се посипува со шеќер во прав измешан со 1 ќесичка ванилин шеќер.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна