Малку француски дух во медитеранско издание. Направете си сендвичиња со ова фантастично багетче, завалете се во удобна фотелја пред телевизор и препуштете се на фантазијата – макар и за неколку минути.

Багет со лукче

By А.З. Published: September 15, 2013

    Малку француски дух во медитеранско издание. Направете си сендвичиња со …

    Ingredients

    Instructions

    1. Багет со лук - путер-лук-магдонос1.Путерот исечете го на коцкици. Лукчето излупете го а магдоносот измијте го и исушетете го со кујнска хартија. Ставете ги магдоносот и лукот во блендер, миксирајте неколку секунди па додадете го и путерот. Миксирајте се додека не добиете хомогена смеса.
    2. Багет - засечен2.Багетот пресечете го на три парчиња. Секое парче засечете го скоро до крај (пазете да не го пресечете целосно).
    3. Багет - наполнет со зарзават3.Секоја засекотина наполнете ја со смесата од путер и лук.
    4. Багет завиткан во фолија4.Секој багет, завиткајте го во алуминиумска фолија. Печете во загреана рерна на 200 степени, околу 10-15 минути. Отстранете ја алуминиумска фолија и печете уште 5-10 минути, се додека багетот не стане крцкав одозгора.
    5. Багетче со лук - испечено5.Пред сервирање, пресечете го лепчето на кришки, а одозгора наросете со кашкавал или нешто по ваша желба.