Мојот најнов експeримент кој се покажа како одлична идеја е да ги искористам новите формички да направам малку поинаква бајадера. Наместо стандардно во плех или во пластичен сад, смесата ја наполнив во модлите и добив феноменални бајадера кошнички. Моја топ препорака за сите љубители на овој десерт кој се топи во уста.
Бајадера кошнички
By September 26, 2012
Published:- Prep: 20 mins
Мојот најнов експeримент кој се покажа како одлична идеја е да ги …
Ingredients
- 200 г ореви
- 200 г бисквити
- 200 г шеќер
- 160 г путер
- 150 мл вода
- 1 чоколадо за готвење
- 1 чоколадо за готвење (за глазура)
Instructions
1.Измелете ги оревите и бисквитите најситно што можете. Чоколадото искршете го на мали парченца.
2.Во сад на оган, растопете го путерот со шеќерот и водата. Во друг поголем метален сад измешајте ги оревите и бисквитите.
3.Растопениот путер додадете го во садот со бисквитите. Измешајте добро и ½ од смесата ставете ја во готварски шприц (или кеса за замрзнување).
4.Во другата половина ставете ги парченцата чоколадо и мешајте се додека не растопи. И оваа смеса префрлете ја во готварски шприц (или кеса за замрзнување).
5.Во модлите ставете хартиени корпички. Најпрвин наполнете до половина со црната смеса.
6.Потоа наполнете и со белата смеса. Со прст притиснете ги и израмнете ги.
7.Во микро или на пареа стопете едно чоколадо и истурете врз секоја бајадерата. Оставете добро да се олади, отстранете ја хартијата и сервирајте.
- Cuisine: Десерт
- Course: Без термичка обработка
- Skill Level: Едноставна