Денес се одлучивме за едно старо македонско јадење – бакарданот, пошироко познат и како качамак. Сигурно сте ја чуле онаа старата “качамак, качамак, денес јадев утре пак“, но не грижете се. За утре сигурно ќе смислиме нешто друго . Уживајте во овој прекрасен и стар македонски рецепт.

Бакардан

By Гастронаутка Published: November 11, 2012

    Денес се одлучивме за едно старо македонско јадење - бакарданот, пошироко …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Во пошироко тенџере ставете ја водата да зоврие и додадете ја солта.
    2. 2.Кога ќе зоврие водата, тргнете го тенџерето настрана и полека додавајте го брашното (со нежно посипување) така да брашното остане на површината (не смее да пропадне долу).
    3. 3.Со рачка од дрвена лажица направете 4-5 дупки (забодете ја рачката неколку пати во брашното, така да пропадне до дното).
    4. 4.Намалете ја температурата на ринглата на најслабо и вратете го тенџерето врз ринглата.
    5. 5.Водата ќе почне да врие и да излегува низ дупките што ги направивте во брашното.
    6. 6.Водата не смее да врие многу силно. Ако забележите дека тоа се случува, тргнете го тенџерето настрана, почекајте малку да се олади и проверете дали температурата ви е на најниско.
    7. 7.Откако ќе бидете сигурни дека водата врие, ама слабо, покријте го тенџерето со капак и оставете гго бакарданот да се вари околу половина час. Повремено проверувајте ја состојбата.
    8. 8.Во тавче без масло ставете ја сланината исечкана на ситни коцки и пропржете ја. Ако сакате можете да додадете и малку масло и исечканите пиперки, па да ги запржите и нив.
    9. 9.Откако ќе поминат 30 минути, тргнете го тенџерето настрана и извадете една чаша од течноста (околу 200 мл). Не ја фрлајте оваа вода.
    10. 10.Содржината на тенџерето се меша со рачка од дрвена лажица додека брашното и водата не се соединат (да се добие тесто).
    11. 11.Ако се создадат грутки (што е многу веројатно), употребете миксер со стапчињата за тесто и мешајте на најмала брзина се додека смесата не се изедначи.
    12. 12.Ако сметате дека тестото е многу тврдо, додадете од водата која претходно ја извадивте во чаша и повторно промешајте.
    13. 13.Во тавчето каде се пржеа сланината и пиперките, додадете уште малку масло и ставете го малку да се загрее на оган. Откако ќе се загрее, истурете ја целата содржина врз тестото и промешајте со рачката од дрвената лажица.
    14. 14.Послужете во чинија, изрендајте малку свежо сирење одозгора и попрскајте со малку власец или ситно исечкан магдонос.
    15. 15.Забелешка: Оваа доза е доволна за 4-5 луѓе, а ако ви остане, можете да го загреете во микробранова печка и да го изедете за вечера.