Десертот баклава е ориентален специјалитет кој е многу познат кај нас. Постојат многу различни рецепти, па се надеваме дека овој на Митра Манолева чија основна состојка е кокосот ќе ви се допадне.
Баклава со кокос
By February 7, 2013
Published:Десертот баклава е ориентален специјалитет кој е многу познат кај нас. …
Ingredients
- 500 г кори за баклава
- 3 јајца
- 200 г шеќер
- 200 г млеко
- 200 г зејтин
- 200 г кокос
- 1 кесичка прашок за пециво
- состојки за шербет
- 800 г шеќер
- 750 г вода
Instructions
- 1.Јајцата и шекерот се матат со миксер и во нив се додават млекото, зејтинот, кокосот и пецивото и се заедно се промешуват убаво.
- 2.Во четвртаст плех се става една кора и од филот се премачкува целата кора. Постапката се повторува се додека да се потрошат сите кори. Последната кора не се премачкува.
- 3.Баклавата се сече на парчиња по желба на коцки, правоаголници или триаголници. Насечена, баклавата се пече додека да добие златно румена боја. Се остава да се излади.
- 4.Во меѓувреме направете шербет. Шеќерот се залива со водата и се става на оган додека шекерот да се стопи. Веднаш се полива баклавата. Корите го впиват целиот шербет. По желба се додава и сок од половина лимон.