Прекрасна и вкусна баклава, на која додатокот од лешниците и фстаците и даваат посебен шмек. Одличен спој на вкусови кои мора да го пробате, препорачува Наташа.
Баклава со фстаци
By October 27, 2013
Published:Прекрасна и вкусна баклава, на која додатокот од лешниците и фстаците и …
Ingredients
- 1 пакување готови кори (за баклава)
- 200 г маргарин
- 500 мл млеко
- 5 лажици гриз
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 200 г фстаци
- 150 г лешници
- 500 мл вода (за глазура)
- 450 г шеќер (за глазура)
- 1 лимон (за глазура)
Instructions
- 1.Во свареното млеко измешајте гриз, варете додека да се згусне. Потоа оставете да се олади. Во оладената смеса додадете мелени лешници и мелени фстаци.
- 2.Смесата убаво измешајте ја. Спојте две кори, премачкајте ги со растопен маргарин и прекријте со уште една кора.
- 3.По должина на кората ставете фил и завиткајте во ролат.
- 4.Исечете ги ролатите и наредете ги во намастена тепсија. На крај баклавата премачакајте ја со преостанатиот маргарин и печете ја баклавата додека не добие убава златно-жолта боја.
- 5.Топлата баклава прелијте ја со оладена глазура. За глазура- сварете шеќер и вода. Пред крајот додадете лимон исечен на тркалца.
- Cuisine: Десерт
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна