Откако го направивме овој рецепт, се воодушевиме од она што го добивме. Ги заменивме сите класични состојки за подготовка на филот, искористивме мусли и верувајте не погрешивме, добивме баклава за мерак. Доколку сакате, можете баклавата да ја наредите и класично, кора врз кора, но во тој случај ќе треба да ја печете подолго.
За подготовка на вкусни рецепти потребни се квалитетни продукти, затоа ние ги користевме производите на Виталиа
Баклава со мусли

By April 22, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 40 mins
- Ready In: 55 mins
Откако го направивме овој рецепт, се воодушевиме од она што го добивме. Ги …
Ingredients
- 500 г готови кори (за баклава)
- 200 г гранола мусли со јаткасти плодови (Виталиа)
- 150 г кранчи мусли со малина и капина (Виталиа)
- 100 г сушена брусница (Виталиа)
- 300 мл ладно цедено сончогледово масло (Виталиа)
- 400 г Демерара кафеав шеќер (Виталиа)
- 400 г шеќер
- 500 мл вода
- ½ лимон свежо исцеден сок
- неколку тенко исечени парчиња лимон
Instructions
1.Измелете ги снегулките во машинка за мелење кафе или во блендер (можете и да ги истолчите).
2.Земете една кора и премачкајте ја со масло со помош на четка, а потоа врз неа ставете уште една кора и исто така премачкајте ја со масло.
3.На едниот крај од корите распоредете 3 супени лажици од измелените мусли по целата должина на корите. Потоа врз муслите испрскајте малку суви брусници.
4.Завиткајте ги двете кори во ролат и стегнете ги што е можно повеќе, а потоа поставете ги во тавче за печење (кое е намачкано со малку масло). Повторувајте ги чекорите се додека не ги потрошите сите кори. Внимавајте свитканите кори да бидат цврсто стиснати една до друга во тавчето.
5.Премачкајте ги корите одозгора со малку масло и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степениоколу 10-тина минути, а потоа намалете ја температурата на 150 степени и печете уште 20 минути или додека корите не добијат убава златна боја.
6.Во меѓувреме подгответе го шербетот така што ќе ја ставите водата да врие. Откако ќе зоврие, додадете го шеќерот и варете 5 минути. Малку пред да го тргнете шербетот од оган, додадете го сокот и парчињата лимон.
7.Веднаш штом ќе ја извадите баклавата од рерна, прелијте ја со уште жешкиот шербет и оставете ја да отстои барем 6-8 часа за да може шербетот убаво да се впие. Забелешка: Од овие состојки излегуваат околу 50 парчиња баклава.