Кај нашиот јужен сосед, ова се нарекува портокалопита. По многу испробувања за да дојдам до најпрефинетиот вкус, овде Ви го пренесувам рецептот.
Баклава со портокал
By June 3, 2013
Published:Кај нашиот јужен сосед, ова се нарекува портокалопита. По многу …
Ingredients
- 450 г кори за баклава
- состојки за крем
- 200 г шеќер
- 250 г кисела павлака
- 100 г стопен маргарин (потоа малку оладен)
- 1 пакување ванила кристали
- 1 портокал (изрендана кора)
- 1 пакетче прашок за пециво
- 4 јајца
- состојки за шербет
- 500 г шеќер
- 3 дл сок од цеден портокал
- 3 дл вода
- 1 портокал (кора исечена на крупни ленти)
- 1 пакување ванила кристали
Instructions
- 1.Корите растурете ги на рамна површина за да се просушат.Така просушени, иситнете ги,па ставете ги во длабок сад.
- 2.Најпрво подгответе го шербетот,бидејќи тој треба да биде оладен кога со него ќе ја прелиете баклавата.
- 3.Сите состојки ставете ги во длабок сад и откако сето ова ќе почне да врие, варете на тивко уште 7 минути.Извадете ги парчињата од кората од портокал, па оставете да се лади.
- 4.Со рачна маталка изматете ги јајцата, додајте ги и останатите состојки за кремот,па со оваа мешавина прелијте ги иситнетите кори и убаво промешајте.
- 5.Дното на длабока тава со димензија 20 Х 32 премчкајте го со путер, па истурете ја подготвената смеса со корите. Печете во претходно загреана рерна на 150 степени 25 минути, исклучете ја рерната па оставете ја тавата во исклучена рерна уште 10-тина минути без да ја отворате рерната.
- 6.Врелиот колач прелијте го со оладениот шербет.Внимателнбо исечете го на парчиња во саканата форма.Потребни се 2-3 часа за колачот да го впие шербетот целосно.
- 7.Предлагам колачот да го послужите со парчебнца кандирана кора од портокал или слатко од портокал,а можете да додадете и сладолед од ванила.