За подготовка на баклава постојат најразлични рецепти…. На таа тема не израдува и нашата читателка Исидора Поповиќ Младеновска, која го сподели својот рецепт за вкусна и ароматична баклава направена по повод празникот Св. Јован.
Баклавата на Исидора
By January 22, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 40 mins
- Ready In: 60 mins
За подготовка на баклава постојат најразлични рецепти.... На таа тема не …
Ingredients
- 1 кг готови кори (за баклава)
- 800 г мелени ореви
- 250 г путер
- 250 г масло за готвење
- 800 г шеќер
- 1300 г шеќер (за шербет)
- 1300 мл вода (за шербет)
- 1 лажичка арома од ванила (за шербет)
- 1 лимон (за шербет)
- 1 лажиц масло за готвење (за шербет)
Instructions
- 1.Во сад, на оган, се топи путерот заедно со маслото за готвење.
- 2.Во тава, се редат корите. Секоја се посипува со путерот и маслото, потоа се наросува со шеќер и се ставаат по две полни лажици ореви.
- 3.Постапката се повторува се додека не се потрошат сите кори за баклава.
- 4.Се пече околу 60 минути на 170 степени, а потоа уште еден час на 150 степени. На крај се пече уште 10 минути на 200 степени за да зарумени баклавата.
- 5.Во поголем сад, на оган, ставаме 1300 г шеќер со 1300 мл вода. Шербетот се вари околу 15 минути и пред крај се става тенко сечен лимон и ванилин шеќер. Се трга од оган и се додава 1 лажица масло за готвење и сок од пола исцеден лимон.
- 6.Шербетот се сипа врз топлата баклава малку по малку и на крај се враќа во топла рерна да отстои малку.