Нашиот организам претставува многу сложен систем кој се состои од  милијарди клетки, а секоја минута десетици, стотици, милиони клетки умираат, додека истовремено исто толку нови клетки и се раѓаат. Дали некогаш сте се запрашале од што зависи дали животот на човекот ќе трае подолго или пократко? На должината на животот на човекот влијаат два важни фактори. Првиот фактор се условите во кои човекот живее, кои се нормално, различни за секого, а вториот фактор се т.н. 12 животни константи:

1. крвниот притисок
2. број на вдишувања во една минута
3. број на срцеви отчукувања во минута
4. Хемоглобин
5. Билирубин
6. Дневна количина на урина
7. Шеќер во крвта
8. Тежина на телото
9. Температура на телото
10. Холестерол
11. Леукоцити  и
12. Водородниот показател или киселинско-базниот баланс на организмот, односно pH вредноста на организмот

Овие 12 константи ја дефинираат здравствената состојба на секој човек. Во продолжение ќе позборуваме за последниот од 12-те спомнати фактори, киселинско-базниот баланс на организмот, затоа што овој фактор самиот човек, преку начинот на исхрана и без некои големи напори, може да го регулира.
Водородниот показател на организмот (или pH вредноста) ја претставува основата на механизмите на еден здрав организам.  Секој човек може самостојно и без големи напори да ја регулира  вредноста на овој показател, но се препорачува оваа регулација да не се врши со помош на различни хемиски препарати.
Киселоста односно базноста на некој систем се дефинира преку т.н. рН вредност. Во нашиот случај, системот го претставува човечкиот организам. За систем со вредност на рН помал од 7 се вели дека е кисел, додека за систем со рН вредност поголем од 7 се вели дека е базен. Луѓето ги добиваат сите материјали кои им се неопходни за живот преку храната. Меѓутоа, секој продукт исто така има своја рН вредност, па оттука, некои прехрамбени продукти се кисели и го закиселуваат организмот. Киселата средина е смртоносна за некои бактерии и паразити, но како по правило во кисела средина се развиваат и различни болести и вируси, што значи влошување на здравствената состојба и болест за човекот.
рН вредност на човечкиот организам
Организмот на човекот е слабо базен и оптималните услови на живот се случуваат при рН = 7,4. Во ваква средина се издвојуваат огромен број на ферменти неопходни за варење на храната, а во тие услови се разложуваат белковините и работат хормоните. Мало зголемување на киселоста на организмот и веќе започнува некакво нарушување. Ова нарушување, ако е релативно мало, самиот организам може го регулира на определен начин така што црпи одредени материи од некои места и со нивна помош ја намалува киселоста.
За одржување на киселинско-базниот баланс организмот ги користи калциумот, натриумот, магнезиумот и калиумот. Доколку дојде до зголемување на киселоста, од организмот почнуваат да се трошат токму овие 4 минерали. Калциумот се црпи од коските и при тоа страдаат забите, нозете, косата и др. По калциумот следат натриумот и калиумот, од чие зголемено трошење страдаат срцето и бубрезите. На крајот се троши магнезиумот, од што страдаат крвните садови.

Запомнете: Сите болести се појавуваат во кисела средина.

Водородниот показател или рН вредноста на некој продукт и неговото дејство на киселинско-базниот баланс се две различни работи. Така, некој продукт можеда биде кисел на вкус, меѓутоа, состојките на кои се разложува тој продукт во текот на варењето го прават организмот базен. Типичен пример за ова е лимонот  кој е кисел на вкус, но во организмот е база. Најважен базен пијалок е водата, и затоа таа треба да се конзумира во поголеми количини. Се препорачува најмалку 1,5 литар вода на ден.

Кои продукти на исхраната се кисели а кои базни, односно  кои продукти го закиселуваат организмот, а кои го прават организмот базен?

Кисели продукти се оние продукти кои, при нивното варење во желудникот даваат кисела реакција, што значи дека го закиселуваат организмот. Во групата на кисели продукти се вбројуваат: месо, риба јајца, путер, леб, ораси (не и бадем), млечни производи, јогурт, павлака, шеќер (или било што друго во што е додаден шеќер), грав, леќа, чоколадо и продукти од чоколадо, торти, кремови, мед, сирење, морски продукти.

Базни продукти се оние продукти кои, при нивното варење во желудникот даваат базана реакција, што значи дека организмот го прават базен и истовремено го регулираат киселинско-базниот баланс на организмот. Во оваа група на продукти се вбројуваат: вода, млеко, млечната сурутка, урда, црн леб направен од цело зрно, банани, магдонос, босилок, копар, спанаќ, авокадо, сите видови зелена салата, бадем, сите видови зелка, компир, морков, тиква, краставица, цвекло, репка, лубеница, малина, манго, урми, тиквици, пченка, нерафинирани растителни масла, пиперка, целер, крушки.

Што значи ова? Ако киселите продукти предизвикуваат болест и нарушувања во организмот, а базните не, тогаш зошто би ги конзумирале сите погоре споменати кисели продукти? Се разбира дека треба да се консумира и едното и другото, но во соодветен однос. Кога внесуваме кисели продукти, тогаш трба да внесуваме и базни продукти. Самиот организам знае како да се заштити од непосакуваните влијанија, па доаѓа до процес на неутрализација. Киселите продукти се неутрализираат од страна на базните. На тој начин и се регулира киселинско-базниот биланс на организмот. Нарушувањата се случуваат тогаш кога внесот на киселите продукти е значително пообемен во однос на базните, па тогаш и организмот се закиселува. Така на пример, кога се консумира месо или риба, задолжително треба да биде застапен и зеленчук. Значи, треба да се консумираат и двата вида на продукти, но барем во сооднос 1:1 (50%/50%) или во сооднос каде ќе преовладуваат базните продукти.
Патот на човекот кон добро здравје води преку регулирање на киселинско-базниот балан на организмот.

За крај, само уште нешто што треба да го знае секоја жена. За жените е особено важно да внимаваат на регулирање на киселинско-базниот биланс на организмот затоа што киселата средина е најпогодна за појава и развиток на некои заболувања како рак на матка, рак на млечната жлезда, појава на миоми, бесплодност. Целулитот, како најголем непријател на жената, се таложи во масното ткиво под кожата само во услови на кисел организам. Поради овие причини, за жените е многу важно да имаат базен организмот. Тоа е еден од главните услови за одржување на здравјето, убавината и младоста.