Др. Нела Деспотовска –
Доктор по општа медицина
и нутриционист во Виталиа


Пред да почнете да држите било каква диета за намалување на телесната тежина, Ви препорачуваме да се советувате со Вашиот матичен доктор. Стручниот тим на Виталиа, Ви препорачува посебен режим на исхрана околу намалувањето на телесната тежина:

Наутро кога ќе станете да се напиете свежо цеден сок од овошје или да изедете едно парче свежо овошје.

За појадок одберете храна која на организмот ќе му ја обезбеди потребната енергија. Појадокот му дава на телото енергија за дневните активности, помага во функционирање на мозокот што е важно за намалување на телесната тежина.

За појадок Ви предлагаме да одберете мусли бидејќи претставуваат здрав и вкусен појадок богат со високо квалитетни протеини, го снабдуваат организмот со неопходните јагленохидрати и даваат енергија за активен ден. Можете да ги потопите со млеко или јогурт со најмала масленост. Пробајте ги Slim Lajn муслите на Виталиа кои претставуваат мешавина од житни снегулки, 30% овошје, помалку калории и збогатени со L Karnitin кој игра важна улога во контрола на телесната тежина.

За ужина предлагаме едно парче овошје или житни плочки (барсови) и тоа слим бјути бар кој претставува микс на интегрални жита, кајсии и сливи прелиени со јогурт, збогатени со коензим Q10 и L karnitin.

За ручек комзумирајте леб од интегрално брашно, супа од зеленчук, свежа салата како и протеинска храна во вид на динстано бело месо, соја шницли и топчиња, печурки или риба во комбинација со варен зеленчук.

Исто така за ручек Ви предлагаме да конзумирате спирулина како замена за месо бидејќи содржи дури 65% на протеини вклучувајќи ги сите есенцијални аминокиселини во идеален сооднос. Покрај протеини, железото содржано во спирулината двојно повеќе се апсорбира и помага истовремено за подобрување на крвната слика. Таа е идеална храна која го подхранува, му дава енергија, го прочистува организмот на природен начин и придонесува за намалувањ ена телесната тежина. Ви препорачуваме 15 таблети дневно.

За вечера одберете лесна храна како житни снегулки (корнфлекс) потопени со соино или оризово млеко од палетата на Виталиа или свежа салата прелиена со ладноцедено маслиново масло.

Најдобро што можете да го направите за себе во овој период е да ги избегнувате слатките, пржената храна, белото брашно и белиот шеќер.

Да бидете поздрави не значи само да се храните поздраво туку и да бидете физички активни. Регуларната физичка активност е значајна за целокупното здравје и виталност но исто така помага и во контролата на телесната тежина – балансирање на калориите шти ги внесувате како храна со калориите кои ги трошите секојдневно.

Прашајте ја Др. Нела и вие добијте одговор на вашите дилеми поврзани со здравата исхрана. Живеј здраво и квалитетно. Кликни на следниот линк и постави прашање….
Виталиа и Др. Нела одговараат на вашите прашања