Еве уште една фантастично добра идеја за сите скараџии кои живеат во станови и немаат многу прилики да уживаат во свежо испечено мевце директно од решетка, а би сакале. Скарата се монтира на ограда од тераса исто како што се поставуваат саксии, а кога не е полна со јаглен може да се користи дури и како саксија. Ако ве бендисува идејата, натерајте си ја поубавата половина да ви отстапи место за ваша лична саксија, поставете ја решетката и гледајте како прекрасниот скараџиски мирис ги скокотка сите ваши комшии додека уживате во свежо ребро залиено со ледено пивце!