Ако и вие сакате да си се почастите со чаша добро винце од време на време тогаш дигнете два прсти! А ако ретко си го дозволувате тоа задоволство само заради тоа што не ви се отвара цело шише кое нема да можете да го испиете, тогаш дигнете уште два прсти! И пред да не заболат рацете сите нас страдалници за винце, да ви кажам дека проблемот е конечно решен.

Значи, нема повеќе чување на стари тапи кои мораш малку со ноже да ги изделкаш за да успееш да го затвориш виното, нема купување на разно-разни вакуумски и други слични капачиња. Прво – чинат пари (денар по денар – отиде платата!), второ – зафаќаат место и прават хаос во кујнските фиоки (заедно со останатите алатчиња од сличен тип, нели?), трето – виното или не е добро затворено, па ветрее, или заедно со воздухот е изваден и дел од аромите.

А ние вака, како луѓе кои навистина се разбираат од вино, па особено од вински ароми, не може а да не го забележиме тоа. Арно ама, некој се сетил дека може да се примени нешто слично на оние старине апаратчиња за мерење на притисок за решавање на овој проблем.

Имено, го земате балонот за вино (можете да си го нарачате тука) и го ставате внатре во шишето, а потоа со рачната пумпа што е прицврстена за него го пумпате додека комплетно не се залепи за ѕидовите од шишето. Гарантирано го чува винцето свежо, не дозволува да се изгубат аромите, а вам ви ја враќа насмевката на лицето!

Е па, наполнете по една чаша од омиленото винце и да наздравиме заедно за овој пронајдок!