Бамјата е едногодишно растение и едно од главните елементи во арапската кујна.Таа е е деликатес и специјалитет, истворемено е и храна и лек. Содржи витамини А и Ц, железо, калциум и скроб, малку маснотија, го намалува шеќерот, им помага на астматичарите и е добар афродизијак. Дури и Клеопатра, прочуена според убавината и привлечноста, на своето мени редовно имала и јадења со бамја. Токму затоа, подгответе си еден вкусен ручек со бамја.
Бамја со месо
By December 14, 2012
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 55 mins
- Ready In: 1 hr 5 mins
Бамјата е едногодишно растение и едно од главните елементи во арапската …
Ingredients
- 700 г јагнешко или свинско месо
- 500 г бамја
- 2-3 кромиди
- 4 чешниња лук
- 800 мл сос од домати (плус неколку цели излупени домати)
- 1 лажица брашно
- 1 лажичка црвен пипер
- малку сол, црн пипер
- малку масло за готвење
Instructions
- 1.Бамјите исчистете ги и прелејте ги со ладна вода. Вака потопени, оставете ги барем половина час.
- 2.Во поголема тава за готвење, на малку масло, пропржете го ситно исечканиот кромид и лук.
- 3.И месото исечкајте го на поголеми парчиња и додадете го во тавата. Пржете се додека месото не зарумени.
- 4.Откако месото ќе зарумени, додадете 1 лажица брашно, малку пропржете и зачинете со сол, црвен и црн пипер.
- 5.Додадете го сосот од домати, неколку исчистени и исечкани домати, садот покријте го и оставете го крчка на тивок оган околу 45 минути.
- 6.Во тавата додадете ги исцедените бамји и гответе уште околу 10 минути водејќи сметка да не се преварат бамјите и да не стана лигави.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна