Уште еден пекарски специјалитетет приготвив за вас драги пријатели. Купив готови кори од Душегупчани и направив феноменална баница со урда. Бидејќи се изеде веднаш, заклучив дека рецептот е одличен.

Баница „хармоника“

By Тетка Биберче Published: July 10, 2013

    Уште еден пекарски специјалитетет приготвив за вас драги пријатели. …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Готовата кора премачкајте ја со масло за готвење и испрскајте ја со вода. Превиткајте ја кората на половина.
    2. 2.Урдата измешајте ја со јајца и зачинете по желба. Намачкајте половина од превиткана кора.
    3. 3.Делот од кората кој остана празен, превиткајте го према делот со урдата. Со раце измазнете ја површината.
    4. 4.Добиениот правоаголник превиткајте го на три дела.
    5. 5.Најпрвин превиткајте го долниот дел, а потоа и горниот дел од правоаголникот.
    6. 6.Добиените мали правоаголници редете ги во тавче за печење, кое претходно сте го намачкале малку со масло за готвење.
    7. 7.Баницата „Хармоника“ прелијте ја со кисела вода (малку помалку од половина баница) и оставете ја барем 15-тина минути да ја впие водата.
    8. 8.Печете ја баницата во загреана рерна околу 20-тина минути или се додека не добие златно кафена боја.
    9. 9.Баницата оставете ја малку да се олади, па сервирајте ја. Имајте добар апетит!