Ако сакате суви колачиња (без крем), тогаш не можеме да замислиме нешто полесно, побрзо и повкусно од овој колач. Плус на сето ова, одличен начин да се искористат преостанати белки. Да не должиме многу, пробајте!
Бело колаче
By November 23, 2012
Published:Ако сакате суви колачиња (без крем), тогаш не можеме да замислиме нешто …
Ingredients
- 1 шолја за млеко полна со белки (околу 250 мл или 5-6 белки)
- 1 шолја за млеко полна со шеќер
- 1 шолја за млеко полна со брашно
- 2/3 шолја масло за готвење
- 1 шолја полна со крупно сецкани ореви, суво овошје и/или желе бонбони (сите мерки се со истата шолја)
- 1/3 кафена лажичка прашок за пециво
- малку сол (меѓу два прста)
- маргарин (или маст) (за подмачкување на калапот)
- брашно и обичен шеќер (за подмачкување на калапот)
Instructions
- 1.Во подлабок сад изматете ги белките со шеќерот и солта (сол се додава за да се изматат убаво белките, а место сол може да се искористат 4-5 капки оцет).
- 2.Брашното измешајте го со прашокот за пециво и со оревите и/ или сувото овошјте, а потоа додадете го во изматената пена од белки (шне).
- 3.Додадете го и маслото за готвење и се промешајте убаво, но користете лажица (никако миксер), и мешајте со бавни и нежни движења.
- 4.Калапот за куглоф добро намачкајте го со маргарин, а потоа посипете го убаво со брашно и со обичен шеќер.
- 5.Печете во загреана рерна на 180-190 степени додека не зарумени убаво (околу 25-30 минути). Извадете го колачот од калапот додека е уште топол и ставете го на украсна чинија.
- 6.Забелешка: Ако сакате, можете одозгора да го посипете со шеќер во прав или со растопено чоколадо.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна