Ова е нашата верзија на познатиот бешамел сос кој можете да го користите како додаток на било какво печено мевце, а оди добро и со риба и со печени макарони (наместо да ги преливате макароните со јајца и со млеко, прелијте ги со бешамел).
Бешамел сос
By September 19, 2012
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 0 min
- Ready In: 15 mins
Ова е нашата верзија на познатиот бешамел сос кој можете да го користите …
Ingredients
- 120 мл млеко
- 25 г брашно
- 25 г путер
- 1 ловоров лист
- малку сол
- малку бел пипер (може и црн, ама ќе се познава)
Instructions
- 1.Ставете го млекото во тенџерче над оган неколку минути и почекајте да се загрее, ама не и да зоврие.
- 2.Додадете го брашното и путерот и мешајте со жица за матење јајца додека состојките не се изедначат. Додадете го ловоровиот лист, намалете ја температурата и оставете го сосот да врие околу 3-5 минути. Ако ви исгледа многу густ, слободно додадете уште малку млеко.
- 3.Тргнете го тенџерчето, извадете го ловоровиот лист, зачинете со сол и пипер по вкус.
- 4.Забелешка: добар начин да ги погодите количините е користење на лажици на пример. Колку лажици брашно ќе ставите, толку лажици путер, а млекото го додавате по осет, во зависност од тоа каква густина преферирате. Исто така, по желба во сосот може да се додаде лукче, магдонос, мускатно оревче или некој друг зачин.
- Cuisine: Сосови
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна