Се подготвувате ли полека за првите сончеви зраци во оваа пролет? И треба, бидејќи после долгата зима, вашиот тен е светол, а имунитетот е ослабен. Но, можете добро да се подготвите за новите предизвици со помош на бета каротенот кој го има овошјето и зеленчуцкот со жолта, портокалова и црвена боја.

Каротенот е портокалов растителен пигмент од семејството на каротениди. Тој му ја дава портокаловата боја на морковот, но и на другите жолти, портокалови и црвени зеленчуци и овошја. Исто така, каротенот им ја дава бледата жолтеникава боја на полномасното млеко и путерот. Кога ќе се внесе во организмот, овој провитамин се претвора во витамин А кој е многу важен за општата здравствена состојба. Но, разликата помеѓу каротенот (витамин А) и бета-каротенот е во тоа што прекумерната количина на витамин А може да предизвика одредени проблеми, додека кај бета-каротенот таа опасност не постои.

Бета-каротенот помага во превенцијата на ноќното слепило и други проблеми со очите, кај болести на кожата, значаен е за подигнување на имунитетот, штити од опасни токсини и дејствува превентивно против ракот, настинките, грипот и различни инфекции. Неговото позитивно делување особено се поврзува со заштитата од ракот на дојка, па на жените им се препорачува да го конзумираат во големи количини. Бета-каротенот е исто така и антиоксидант, што значи делува во успорувањето на процесот на стареење. Многу е ефикасен и при формирањето на коските и забите.

Каротенот го има добиено името по латинското име за морков. Сепак, кајсиите и праските на пример, имаат далеку поголема количина на бета-каротен отколку морковот. Сите други овошја и зеленчуци со слична боја, како тиквата, слаткиот компир, портокалот, кикириките се исто така одличен извор на бета-каротен. Инаку, се препорачува да ги конзумирате овие намирници во комбинација со масло, бидејќи бета-каротенот е растворлив во масло, па подобро и побрзо ќе биде апсорбиран во организмот на овој начин.

Значи, можете да го конзумирате бета-каротенот во неограничени количини. Вашата кожа на тоа ќе одговори со блескав изглед и зголемена еластичност, што е особено важно во овие пролетни месеци.