Познатиот шеф и патеписец Ентони Бурден, автор на наградуваното кулинарско шоу No Reservations, ја посети Хрватска и остана запрепастен од убавините и квалитетот на храната која ја нуди оваа земја. Погледнете ја 42 минутната емисија која премиерно беше емитувана на каналот Tравел и самите ќе се уверите зошто Бурден се воодушеви од Хрватска.

Се надеваме дека некогаш овој ценет кувар ќе има прилика да ја посети и Македонија, од каде со сигурност ќе замине импресиониран и со некој килограм повеќе.


Anthony.Bourdain.No.Reservations – Croatian