Вкусот на месо или зеленчук приготвен на природен начин е незаменлив. Токму овој аргумент ги инспирирал иноваторите од компанијата Steakstone да дизајнираат еден супер интересен кујнски „уред“. Станува збор за даска на која има неколку делови каде можат да се стават омилените сосови, но она што е поважно има посебен дел опремен со вулкански камен на кој може да припремите парче месо по ваш избор.

Загрејте го каменот на било кој извор на топлина, префлете го на даската и можете во живо пред вашите пријатели да им испечете бифтек во зависнот од тоа на кој начин го сакаат приготвен. Дали позапечен, крвав или среднео печен тоа е избор на гостите. Каменот долго ја држи топлината и освен месо можете да спремите и гарнир, од компири, зеленчук и се она што е по ваш ќеиф. Ако сте скептични за тоа како функционира Steakstone погледенете го видеотo и ќе се увреите во среќните лица на сите оние кои имаат можност да дегустираат парче.

Компанијата продава неколку модели по почетна цена од 65 фунти кои можете да ги нарачате на нивниот официјален сајт.