Можеби сме досадни со рецепти со тиквички, но што да правиме кога овој период ги има највусните кои можат да се купат за речиси ич пари. Денес решивме да направиме нешто понетипично, но во истовреме крајно вкусно – бисквит тиквички со кашкавал. Мјами!
Бисквит тиквички
By August 22, 2012
Published:Можеби сме досадни со рецепти со тиквички, но што да правиме кога овој …
Ingredients
- 1 средна тиквичка
- 100 г чедар кашкавал (може било каков по ваша желба)
- 2 ½ шолји брашно
- 1 шолја млеко
- 20 г путер
- 1 ½ лажичка сол
- 1 лажичка прашок за пециво
Instructions
1.Изрендајте го кашкавалот. Тиквичките добро измијте, а потоа и нив изрендајте ги. Исцедете им ја вишокот течност. Ставете ги тиквичките во мал сад и додадете малку сол и брашно. Измешајте и оставете да постојат 10 минути.
2.Во поголем сад ставете брашно, прашок за пециво и малку сол. Додадете коцка путер и со прсти издробете го. Истурете една шолја млеко, додадете ги изренданите тиквички и кашкавалот.
3.Убаво промешајте ги сите состојки, најдобро со раце се додека не добиете фина компактна смеса од која ќе можат да се прават топчиња со неправилна форма.
4.Загрејте ја рерната. Плехот обложете го со хартија за печење. Направете топчиња од смесата и рамномерно распоредете ги.
5.Печете околу 10 минути, се додека рабовите не добијат златно кафена боја. Послужете ги топли.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна