Превкусна бисквит торта направена од само три состојки која сме сигурни дека ќе ја обожаваат вашите најмали и најмили. Ние искористивме производи на Витаминка и добивме совршен десерт. Препорака и вие да ја приготвите оваа торта.
Бисквит торта
By March 18, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 5 mins
- Ready In: 25 mins
Превкусна бисквит торта направена од само три состојки која сме сигурни …
Ingredients
- 1 кесичка пудинг од ванила Витаминка
- 1/2 кесичка пудинг од чоколадо Витаминка
- 300-400 г бисквити Карамел бисквит Витаминка
Instructions
1.Сварете го пудингот од ванила според упатството на кесичката. Ние користевме пудинг од „Витаминка“.
2.Садот кој ќе го користите како калап, обложете го со проѕирна фолија. Дното и страничните делови, наредете ги со бисквити. Ние користевме карамел бисквит на „Витаминка“.
3.Сипете неколку лажици пудинг и распоредете го по површината. На овој начин, бисквитите подобро ќе се залепат.
4.Секој бисквит намачкајте го со малку пудинг и вертикално редете ги во калапот.
5.Повторете ја постапката се додека целосно не го исполните калапот.
6.Сварете половина чоколаден пудинг и додека е топол сипете го врз бисквитите.
7.Калапот удрете неколку пати од маса за да навлезе во сите пукнатини помеѓу бисквитите.
8.Ставете во фрижидер и оставете го барем неколку часа убаво да се стегне а потоа пресечете парче и послужете.
- Cuisine: Десерт
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна