Рецептче кое се надеваме дека ќе ви помогне во момените кога немате идеја каква грицка да им спремите на вашите дома или на гостите кои што тукушто ви се појавиле на врата. Со овие бисквити со сланина и кашкавал нема утка. Бон апетит.
Бисквити со сланина и кашкавал
By February 12, 2014
Published:- Prep: 30 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 45 mins
Рецептче кое се надеваме дека ќе ви помогне во момените кога немате идеја …
Ingredients
- 260 г брашно
- 150 г сланина
- 250 г кашкавал (изрендан)
- 75 г путер
- 250 мл млеко
- 1 ½ лажичка прашок за пециво
- ½ лажичка сол
- ½ лажичка црвен пипер
Instructions
1.Сланината исечете ја на мали парченца. Пропржете ја на тивок оган додека не добие румена боја. Оставете ја настрана да се олади, а потоа исечкајте ја многу мали делчиња. Во меѓувреме изрендајте кашкавал и започнете со подготовка на тестото.
2.Во поголем сад ставете го брашното, прашокот за пециво, солта, црвениот пипер и парченцата путер. Потоа додадете го кашкавалот, сланината и на крај млекото. Убаво измешајте додека не добиете еднолична смеса.
3.Наросете ја работната површина со малку брашно и со раце замесете неколку пати. (тестото не треба да биде премногу измесено) Потоа искукајте го со дебелина од еден сантиметар. Со кружна формичка направете ги бисквитите.
4.Загрејте ја рерната на 220 степени. На обложен плех со хартија за печење наредете ги бисквитите. Најдобро е ако се со големина од 5 см, наредени на растојание од 2.5 сантиметри.
5.Печете ги 15 минути додека не добијта кафена боја. Оставете ги да се оладат 10 минути, а потоа послужете ги со некое сосче по ваша желба.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна