Тестото за овие бисквити можете да го направите кога сакате, а потоа да го чувате замрзнато и да го испечете по потреба. Бисквитите се одлични за со кафе или чај, а можете да им додадете и малку какао ако сакате да ги направите во чоколадна варијанта.
Бисквити со ванила
By July 1, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 30 mins
Тестото за овие бисквити можете да го направите кога сакате, а потоа да …
Ingredients
- 250 г путер (на собна температура)
- 130 г шеќер во прав
- 1 јајце
- 320 г пченкарно брашно
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- малку шеќер во прав (за посипување)
Instructions
- 1.Со миксер изматете го путерот со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер. Кога смесата ќе стане бледа и пенаста, додадете го јајцето и матете уште малку. На крај додадете го брашното и изматете добро додека не добиете убаво тесто.
- 2.Ставете го тестото на малку побрашнета површина. Поделете го на половина, а потоа секоја половина со раце обликувајте ја во цилиндер (како салама). Вака подготвеното тесто ставете го во ладнилник.
- 3.Извадете го тестото од ладилник 15 минути пред да го сечете. Сечете го на парчиња дебели околу 1,5 см . Наредете ги парчињата врз тавчињата за печење.
- 4.Загрејте ја рерната на 180 степени и покријте две тавчиња за печење со хартија за печење.
- 5.Печете околу 12-14 минути или додека не станат бледо жолтеникави. Оставете ги да се оладат добро и попрскајте ги со шеќер во прав пред да ги послужите.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна