Зошто обични бисквити кога со малку трпение и креативност ќе добиете супер декоративни колачиња во форма на копчиња. Освен што изгледаат феноменални, вкусот им е совршен. Пробајте и самите ќе се уверите во нашата препорака.

Бисквити во форма на копчиња

By Мигусто Published: September 1, 2014

    Зошто обични бисквити кога со малку трпение и креативност ќе добиете …

    Ingredients

    Instructions

    1. Тесто за бисквити1.Во поголема сад изматете ги јајцата со шеќерот и дададете ванилин шеќер. Убаво промешајте. Додадете го омекнатиот путер и брашното. Замесете тесто.
    2. Темно тесто за бисквити2.Тестото поделете го на два дела. Во едниот дел ставете какао и убаво замесете за да тестото добие кафена боја.
    3. Подготвени теста3.Од тестото формирајте топки, завиткајте ги во фолија и оставете ги во фрижидер барем еден час.
    4. Вадење на форми од тестото4.Тестото расукајте го. Со чаша или модла вадете кругчиња. Со помала чаша (капаче) направете вдлабнување во самиот круг, внимавајќи да не го пресечете тестото.
    5. Правење на дупчиња со сламка5.Потоа со помош на сламка направете четири дупчиња.
    6. Бисквити спремни за печење6.Бисквитите наредете ги во плех обложен со хартија за печење и печете во добро загреана рерна на 180 степени околу 15 минути.