Инспирирана од рецепт објавен на facebook страната на Makedonskata kujna; nekogas i denes, кој предизвика големо внимание кај членовите, а воедно и ми евоцираше убави спомени, решив и јас да го испробам овој стар рецепт и да откријам во што и од што се крие нивното воодушевување…. И верувајте беа потребни само неколку часа  комплетно да исчезнат сите слатки….

Битолски визитарски слатки

By Тетка Биберче Published: February 20, 2013

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 15 mins
  • Ready In: 30 mins

Инспирирана од рецепт објавен на facebook страната на Makedonskata kujna; nekogas i denes, …

Ingredients

Instructions

  1. Изматено јајце со шеќер1.Во сад, на пареа, матете ги јајцата заедно со шеќерот. Со метална маталка, матете се додека смесата добро не се згусне (околу 5 минути и со постојано матење).
  2. Додавање на путер во смесата2.При крај, додадете лажица путер и матете се додека не се растопи.
  3. Додавање на какао во смесата3.Тргнете го од оган и додадете какао во прав. Добро промешајте.
  4. Додавање на ореви во смесата4.Накрај, се додаваат сечканите ореви (во оваа верзија оревите се малку поситно исечкани бидејќи ги ставив во машинка за мелење).
  5. Готови колачиња5.Со лажичка се полнат хартиени модли и се оставаат преку ноќ да се исушат (или пак со кујнскиот шприц, врз кујнска хартија, без никаков додаток, вадете форми).
  6. Битолски визитарски слатки6.Внимавајте добро да бидат исушени колачињата пред да ги сервирате.