Откога ги открив овие благиве ѓевречиња со крем полудев по нив. Ги обожавам. Супер ми се за појадок или пак за кафе со другарките. Ајде пригответе ги и пишете ни дали и вие ќе бидете импресионирани од овој вкус.
Благи ѓевречиња со крем
By June 9, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 20 mins
- Ready In: 1 hr 40 mins
Откога ги открив овие благиве ѓевречиња со крем полудев по нив. Ги …
Ingredients
- 300 г брашно
- 300 г пченкарно брашно
- 225 г путер (омекнат)
- 120 мл вода
- 150 г чоколаден крем (еурокрем) (чоколадна смеса)
- 130-140 г шеќер во прав (чоколадна смеса)
- малку шеќер во прав (за посипување)
Instructions
1.Измешајте го брашното и пченкарното брашно. Додадете го омекнатиот путер и водата и месете се додека не добиете фина смеса. Тестото завиткајте го во фолија и оставете го во фрижидер барем 1 час да се одмори.
2.Во меѓувреме, чоколадниот крем измешајте го со шеќерот во прав се додека не добиете хомогена смеса. И чоколадната смеса завиткајте ја во фолија и оставете ја во фрижидер.
3.Тестото поделете го на 4 дела. Работете врз мрсна хартија. Од секој дел формирајте долга ролна (дијаметар околу 1.5 см) и со сукало сплескате ја. И од чоколадната смеса формирајте потенки ролнички.
4.Врз тестото, во средина и надолж, ставете од чоколадната ролна и обликувајте го тестото со тркалање напред-назад. Ролната сечете ја на секој 10 сантиметри и формирајте го ѓеврекот.
5.Секој ѓеврек, по површината, засечете го.
6.Печете ги во загреана рерна , на 180 степени, околу 20 минути или се додека не добијат светло кафена боја.
7.Благите ѓевречиња оставете ги да се оладат, наросете ги со шеќер во прав и сервирајте ги. Добар апетит.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна