Подготвувањето крофни во секое семејство е голема радост за гурманите, и за помладите и за постарите. Полнети со мармалад, традиционални со крем од чоколадо или бел крем, крофните се еден од најстарите десерти, кои се приготвуваат на разни начин.
Благи прженици
By March 21, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 35 mins
Подготвувањето крофни во секое семејство е голема радост за гурманите, и …
Ingredients
- 150 г брашно
- 100 мл млеко
- 100 мл вода
- 1 лажица шеќер
- 40 г путер
- 4 јајца
- 1 жолчка
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1 пакетче ванила
- 1 рендана кора од лимон
- 500 мл млеко (крем за полнење - класичен бел крем)
- 1/2 пакетче ванила (крем за полнење - класичен бел крем)
- 1/2 рендана кора од лимон (крем за полнење - класичен бел крем)
- 5 жолчки (крем за полнење - класичен бел крем)
- 125 г шеќер (крем за полнење - класичен бел крем)
- 50 г брашно (крем за полнење - класичен бел крем)
- малку масло за готвење
- малку шеќер во прав (за посипување)
Instructions
1.Во длабок сад ставете да зоврие водата заедно со млекото, а потоа додајте го путерот, шеќерот, малку рендана кора од лимон, сода бикарбона и малку сол. Убаво измешајте ги состојките во тенџерето и по неколку минути тргнете го од оган.
2.Во садот, додајте брашно и со лажица добро измешајте. Вратете го на оган и гответе се додека добиете густа, хомогена смеса. Тргнете го од оган и додајте ги јајцата и жолчката (едно по едно), секогаш мешајќи со дрвена лажица за убаво да се поврзат.
3.Во сад, ставете да се загрее масло за готвење. Со лажичка земете од тестото и ставете го да се пржи. Пржете ги на средна температура се додека не заруменат од сите страни, а потоа наредете ги на хартија за да го впие маслото.
4.Во меѓувреме подгответе го класичниот бел крем. Во сад измешајте 500 мл млеко со малку ванила и рендана кора од лимон и загрејте го. Во друг сад, изматете 5 жолчки заедно со 125 г шеќер и 50 г брашно. Земете цеделка и низ неа истурете го загреаното млеко во смесата со јајца и промешајте. Оставете го на оган, на средна температура, постојано мешајќи, варете го околу 10 до 15 минути.
5.Готовиот крем ставете го во готварски шприц и наполнете ги сите прженици. Наредете ги на чинија, попрскајте ги со шеќер во прав и послужете ги.