Др. Нела Деспотовска –
Доктор по општа медицина
и нутриционист во Виталиа


Семето од чиа е најбогат природен извор на Омега 3 масни киселини (дури 30%), Омега 6 масни киселини (10%), протеини и антиоксиданти. Исто така семето до чиа е одличен извор на фосфор, манган, калциум, цинк а содржи и висок процент на диетални влакна.

Семето од Чиа содржи:

–          8 х повеќе Омега-3 од лосос

–          30% повеќе антиоксиданти од капина

–          25% повеќе влакна од ленено семе

–          5 х повеќе калциум од млеко

Поради богата нутритивна вредност со внесување на семето од чиа во секојдневната исхраната ќе почуствувате низа бенефити:

–          Зголемено ниво на енергија и подобрено расположение,

–          Подобрена концентрацијата, работна способност и појасно размислување,

–          Богатството од Омега -3 масни киселини влијае на намалување на високиот крвен притисок и намалување на холестеролот во крвта,

–          Позитивно влијае во одржување здрави коски – Семето од чиа содржи висок процент на калциум, една лажица семе од чиа содржи исто количество на калциум како две чаши млеко,

–          Високиот процент на диетални влакна (растворливи и нерастворливи) во семето од чиа позитивно влијае при дигестија на храната, перисталтиката на цревата и го елиминира проблемот со опстипација,

–          Позитивно влијае во одржување здрава телесна тежина и витка фигура.

Четири својства на семето од чиа кои влијаат за намалување на телесната тежина:

–          Семето од чиа има способност да нарасне и до 12 пати од неговата големина кога ќе се додаде во течност.Toa влијае да се чувствувате сити за многу кратко време и да го намалите внесот на храната,

–          Семето од чиа е нутритива бомба – ќе внесете богатството од Омега-3 масни киселини, протеини, антиоксиданти, фолна киселина и есенцијални минерали со минимален внес на калории,

–          Бавно се вари во организмот, што овозможува чувство на ситост подолго време и бавно ослободување на енергија. Ова ќе помогне да се спречи недостатокот на енергија што често се јавува при диети

–          Со додавањето на чиа семето во диетата ќе се чувствувате по енергични и ќе ви биде многу полесно да практикувате половина час пешачење или други вежби во дневната рутина.

Семето од чиа многу едноставно може да го внесете во вашето секојдневно мени како здрав додаток во напитоци, салати, тестенини, супи, десерти, мусли и останати комбинации. Нема да го промени вкусот на јадењето, туку само ќе ја подобри нутритивната вредност на истото. Дневна препорачана доза е 5 гр или една супена лажица.

Прашајте ја Др. Нела и вие добијте одговор на вашите дилеми поврзани со здравата исхрана. Живеј здраво и квалитетно. Кликни на следниот линк и постави прашање….
Виталиа и Др. Нела одговараат на вашите прашања