Супата секојдневно ја имаме на нашите трпези. Независно дали ја консумираме за ручек или за вечера, таа е одличен додаток…Токму затоа, подгответе ја оваа идеална, вкусна и здрава супа која ќе ве стопли во ладните зимски денови или најаде во летните горештини.
Богата зеленчукова супа
By January 25, 2013
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 60 mins
- Ready In: 1 hr 10 mins
Супата секојдневно ја имаме на нашите трпези. Независно дали ја …
Ingredients
- 500 г телешко или свинско месо (исечкано на мали парчиња)
- 2 лажици масло за готвење
- 2 гранчиња свеж рузмарин
- 1 главица кромид
- 3 лажици брашно
- 300 мл доматно пире
- 1 лажица црвен пипер
- ½ лажичка ким
- 1 л телешки бујон (супа од коцка)
- 200 г печурки
- 2 пиперки
- 1 мала лута пиперка
- 2 големи компири
- 1 морков
- 100 мл црвено вино
- малку сол, црн пипер
Instructions
- 1.Во подлабок сад, на загреано масло за готвење, запржете две гранчиња рузмарин и додадете сечкан.
- 2.Додека кромидот се пржи, исечкајте го месото на ситни парчиња и додадете го во садот со кромид.
- 3.Настрана, во доматното пире додадете малку сол, лажица црвен пипер и ким.
- 4.Намалете го оганот и ставете брашно. Добро промешајте па додадете ја и смесата од доматното пире.
- 5.Сипете еден литар телешки бујон и гответе на тивок оган околу 30 минути.
- 6.Во меѓувреме, исечкајте ги компирите, пиперките, печурките и морковот на помали парченца.
- 7.Додадете ги во садот со месото заедно со едно чешне лук, сипете вино, зачинете и оставете ја супата да крчка околу половина час или се додека не се свари зеленчукот.
- 8.Оставете ја малку да се олади и сервирајте ја. Добар апетит!
- Cuisine: Предјадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна