Идеален кујнски додаток, дело на компанијата Décor Craft Inc наменет пред се за оние со поагресивна природа, кои уживаат времето да го поминуваат во подготвување шницли. За 13 долари добивате уникатен алуминиумски боксер, кој освен што изгледа опасно добро, одлично ќе си ја заврши работа, a при тоа и ќе се ослободите од вишокот негативна енергија.

Наш совет е со овој кујнски прибор да не излегувате од дома, да го користите само за гастрономски цели, затоа што може лесно да ви се случи да имате проблеми со полициските органи.

линк: www.amazon.com