Болоњезе сосот потекнува од Болоња, град во северна Италија, за кого се тврди дека е главениот кулинарски град. Токму таму се родени повеќето од рецептите за познатите италијански тестенини. Традиционално, овој сос се служи со широки и долго тестенини и лазањи, но и другите видови тестенини се подеднакво добри со овој сос.
Според препораките на Accademia Italiana delaa Cucina за приготвување на болоњезе сосот се користат мелено говедско и свинско месо, сланина, кромид, морков, целер, доматно пире, говедска супа, црвено винои, млекоили павлака и она што е многу битно, неговото приготвување трае долго време, 3 до 4 саати. Но дали една вработена жена, домаќинка, на чии плеќи е, поред работата, и целото домаќинство, може да си дозволи да потроши толку врме за да приготви еден ваков сос, и дали воопшто тоа е потребно? Италијанците велат ДА. А ние? Овде ви се предлaга сос кој се приготвува значително пократко, а по вкусот воопшто не заостанува од оној италијанскиот.
Болоњезе сос Recipe
By December 25, 2013
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 30 mins
- Ready In: 40 mins
Болоњезе сосот потекнува од Болоња, град во северна Италија, за кого се …
Ingredients
- 400 г мелена мешавина од свинско и говедско месо
- 2 главици кромид
- малку зеленчук по сопствен избор (на пример: лук, пиперка, морков, тиквица, дршки од целер и друго)
- 4-5 домати +1 лажица доматно пире (или 4 лажици доматно пире)
- 50 мл маслиново масло
- 100 мл црвено вино
- малку сол
- малку босилек, нане, магдонос
Instructions
- 1.Целиот зеленчук се цека ситно се става во тава со масло и се пржи на тивок оган додека ја промени бојата и омекне, но при тоа не смее да потемни.
- 2.Кон испржениот зеленчук се додава меленото месо и се продолжува да се пржи додека месото зарумени.
- 3.Потоа се додаваат доматите (излупени и ситно сечкани) или доматното пире, уште кратко време се пржи, а на крај се додава црвеното вино и се остава да се динста уште 10 минути додека испари алкохолот.
- 4.Накрај се додаваат зачините. Болоњезе сосот е готово. Ваквиот сос, ако е направен во поголема количина, може слободно да се смести во помали пластични садови (доза доволна за една употреба) и да се замрзне а да се употреби тогаш кога ќе биде потребен.
- Cuisine: Сосови
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна